Пекинг воведува рестрикција на автомобилите во сообраќајот

16

pekingВозачите на приватни автомобили во Пекинг наскоро ќе можат своите возила да ги возат преку еден ден. Причина за тоа е големото загадување на воздухот, објавија кинеските медиуми, пренесуваат агенциите.

Мерките за подобрување на квалитетот на воздухот вклучуваат возење по принципот парен – непарен, односно еден ден ќе возат автомобилите со парен број на регистарската табличка, а другиот ден оние со непарен број.

Новиот систем ќе прикажува предупредување за четири нивоа на загадувањето на воздухот – сино, жолто, портокалово и црвено. Во деновите кога ќе има портокалово предупредување, фабриките ќе го стопираат производството и ќе биде запрена работата на градилиштата. Рестораните кои нудат скара на отворено ќе мораат привремено да затворат, а ќе бидат забранети и огнометите.

Кога ќе биде издадено црвено предупредување, ќе се реализира мерката за ограничување на автомобилите. Училиштата и градинките ќе бидат затворени.

Критичарите се загрижени дали оваа мерка ќе даде некави резултати, затоа што оние кои можат да си дозволат да купат два или повеќе автомобили, ќе можат да возат кој било ден кога ограничувањето е во сила.

Жителите на главниот град на Кина се соочуваат со напади на гушење поради смогот предизвикан од индустриското производство и многубројните автомобили на улиците. Во Пекинг живеат 20 милиони луѓе, а преку една четвртина од жителите имаат автомобил.