Пелистерка од јануари до декември лани евидентираше 10,3 милиони денари добивка

33

pelisterka

Компанијата за производство на освежителни пијалаци, минерална и друга флаширана вода, Пелистерка прикажа вкупна сеопфатна добивка од 10.300.000 денари, стои во билансот на успех за 2016 година, објавен на Македонска берза.

Пелистерка на крајот на 2015 година, оствари добивка од 12.389.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата, во периодот јануари – декември 2016 година, достигнаа вредност од 407.000 денари. Претходната 2015 година, оваа ставка имаше салдо од 456.071.000 денари.