Компанијата Пелистерка, од први јануари до 31-ви декември лани, работеше со добивка од 4.817.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
На крајот на 2017 година, компанијата евидентираше добивка во висина од 4.511.000 денари.
“Финансискиот резултат во споредба со минатата година е зголемен за шест милиони денари, но заради зголемениот данок, чистата добивка е во рамки на минатата година“, стои во Образложението кон финансиските извештаи.
Вкупните приходи од продажба во 2018 година достигнаа 426.668.000 денари. Поголемиот дел од 381.628.000 денари отпаѓа на продажба во земјата, а остатокот од 45.040.000 денари е реализиран на пазари во странство.