Пелистерка од јануари до март оваа година работеше со загуба од 17.339.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период од претходната година, компанијата евидентираше загуба од 9.642.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март 2017 година, достигнаа вредност од 91.476.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се реализирани 86.455.000 денари, додека на пазари во странство е направена продажба во висина од 5.021.000 денари.
Основна дејност на Пелистерка е производство на освежителни пијалаци, минерална и друга флаширана вода.