Пелистерка за девет месеци оствари добивка од 11,9 милиони денари

44

pelisterka-580x414

Вкупна сеопфатна добивка од 11.956.000 денари за Пелистерка во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата оствари добивка од 31.612.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на деветте месеци од 2015 година беа 401.947.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 390.176.000 денари, додека 11.771.000 денари се остварени на странски пазари.

Во првите девет месеци од 2014 година Пелистерка евидентираше 401.606.000 денари вкупни приходи од продажба.