Пелистерка во текот на првото полугодие од оваа година работеше со загуба во висина од 3.202.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на првите шест месеци од 2016 година, компанијата прикажа добивка од 3.069.000 денари.
Заклучно со 30-ти јуни оваа година, вкупните приходи од продажба имаа вредност од 197.580.000 денари. Од тој износ на домашен пазар реализацијата достигна 183.938.000 денари, додека на пазари во странство продажбата беше на ниво од 13.642.000 денари.
Приоритетна дејност на Пелистерка е производство на освежителни пијалаци, минерална вода и флаширана вода.