Пепси дизајнираше ново лого, ќе биде претставено наесен

60

Пепси дизајнираше ново лого и бренд кои ќе бидат лансирани во Северна Америка оваа есен и глобално следната година.

Логото и брендот, кои потсетуваат на верзијата од 90-тите која луѓето најмногу ја паметат, беше претставена во вторникот и содржи нови, помодерни елементи, вклучувајќи различен фонт и боја на фонтот, нова граница.

Најчестиот одговор во анкетата спроведена од компанијата, каде што луѓето беа замолени да го нацртаат логото на Пепси од меморија, беше круг, со црвени, бели и сини ленти кои го претставуваат брендот и зборот „Пепси“ на тој круг, пренесува CNN.

Фото: Pixabay