Pepsi ќе продава вода во лименки

34

Американскиот гигант за пијалаци, Pepsi планира да го намали пластичниот отпад, односно да ги замени пластичните шишиња со лимени. Ова ја вклучува дури и обичната вода.

Така, водата Aquafina на компанијата од следната година ќе започне да се продава во алуминиумски лименки во рестораните за брза храна и останатите угостителски објекти во САД.

Според некои експерти за животна средина, алуминиумот е многу полесен за рециклирање отколку пластиката, пишува CNN.

Уште еден производ на брендот, Bubly, линија на минерална вода со вкус, ќе се продава само во лименки, додека “премиум водата“ LifeWtr, ќе биде пакувана во специјални пластични шишиња што можат повеќекратно да се рециклираат.

Според компанијата, ќе се елиминираат повеќе од 8.000 метрички тони пластичен отпад и околу 11.000 метрички тони емисии на стакленички гасови.
Фото: Pixabay