PepsiCo ја купува кинеска Be & Cheery за 705 милиони долари

33

Американскиот прехранбен бренд PepsiCo ја купува кинеската компанија за грицки Be & Cheery за 705 милиони долари.

Според PepsiCo, преземањето на бренд што произведува најразлични грицки (од јаткасти плодови до суво овошје) и ги продава на кинеските платформи за електронска трговија, е важен чекор во остварување на целта да прерасне водечка кинеска компанија за храна и пијалаци што е насочена кон потрошувачите, пренесува Reuters.

“Be & Cheery ја додава можноста да се допре до директниот потрошувач, ставајќи ја нашата компанија во позиција да го зголеми растот на електронската трговија со локални брендови што имаат големо портфолио, како преку мрежните, така и надвор од мрежните канали“; вели Рам Кришнан, извршен директор на PepsiCo во Кина.

Тој очекува дека ова преземање ќе даде можност да се искористат иновативните можност и увид во потрошувачите на Be & Cheery за иновирање на други пазари што се важни за PepsiCo.

Фото: Facebook