PepsiCo ја заврши годината со приходи од 70,4 милијарди долари

32

Американскиот прехранбен гигант PepsiCo има раст на приходите во 2020 година благодарение на зголемената продажба во маркетите во време на пандемија и го ублажи падот на побарувачката во угостителските објекти што се затворени поради рестриктивните мерки.

Приходите на PepsiCo пораснаа за 4,8% на 70,4 милијарди долари во 2020 година. Во последните три месеци од минатата година се зголемени за 8,8% на 22,46 милијарди долари.

Компанијата добро ја поднесе кризата што ја наметна пандемијата, бидејќи луѓето додека беа во карантин правеа залихи од храна и пијалаци, што беше соодветна компензација во однос на продажбата во рестораните.

Фото: Freepik