Периодично затворање на сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица

25

Поради изградба на новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица, од понеделник до петок во одредени временски интервали ќе има целосно запирање на сообраќајот.

Како што информира АМСМ запирањето на сообраќајот има цел да се обезбедат предуслови за безбедна и сигурна инсталација на системот за заштита при паѓање на карпи.

Секој ден од понеделник 22 април до петок 26 април, собраќајот ќе биде целосно во прекин во периодите од 9:30 до 10:30 часот, од 11:30 до 12:30, од 13:30 до 14:30 и од 15:30 до 16:30 часот.