Кога ќе се спомене персонализација во модерните автомобили, прва асоцијација е дека станува збор за многу скапо задоволство. Но, чешкиот производител на автомобили, Шкода, воведе евтина и интересна персонализација на возилата, што подразбира опремување на контролната табла на новата Fabia со слики по избор на сопственикот.
Сопствениците на новите автомобили Fabia ќе добијат фотографија по желба на самолеплива фолија и за 17 евра да им биде вградена на командната табла.
Доколку клиентот сака сопствена фотографија, доволно е да ја испрати преку интернет страницата MyShop Skoda, а компанијата на домашна адреса ќе ја испрати самолепливата фолија. Фотографијата може да ја залепи или самиот корисник или таа обврска да им ја препушти на вработените во овластениот сервис на Шкода.
Оваа услуга засега е достапна во Чешка за 17 евра и во Германија, каде што персонализираната фолија чини 25 евра. Шкода планира наскоро да ја понуди оваа услуга и во другите европски градови.
Фотографиите од контролната табла се отстрануваат на едноставен и лесен начин.