Перутнина Птуј со долг од 110 милиони евра

28

perutnina ptujНајголемиот словенечки произведувач и преработувач на пилешко месо Перутнина Птуј е задолжена со 110 милиони евра, а со банките преговара за репрограмирање на дел од финансиските обврски, потврди директорот на компанијата Роман Гласер за љубљанско Дело.

“Вредносната рамка за репрограмирање изнесува 84 милиони евра, а нашата вкупна задолженост на ниво на група е 110 милиони евра”, изјави Гласер додавајќи дека не се точни изнесените податоци во медиумите според кои компанијата се наоѓа во сериозни проблеми. Претходно весникот Финанце пишуваше дека Перутнина Птуј на банките им должи околу 140 милиони евра.