Пет големи катарски компании формираат фонд за инвестирање во БиХ

49

pari

Министерот за надворешни работи на БиХ, Златко Лагумџија, во текот на Сараево бизнис форумот што заврши вчера, одржа билатерален состанок со министерот за надворешни работи на Катар, Калид бин Мохамед ал Атијах. На средбата, министерот ал Атијах го известил Лагумџија дека катарската страна ќе формира инвестициски фонд, преку кој пет големи компании од Катар ќе инвестираат во инфраструктурни и електроенергетски проекти, банкарскиот и други сектори во БиХ.

Катарската страна ќе формира и Фонд на пријателство за БиХ, преку кој ќе финансира проекти наменети за вработување на млади луѓе. Ваков Фонд Катар воспостави во Јапонија, Тунис и на Хаити.