Пет најтргувани акции на берзата оваа недела

70

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, Гранит и НЛБ банка се најтргувани на Македонска берза во текот на неделата што изминува.

Вкупниот промет на берзата, во период од шести до 10-ти април, достигна ниво од 2.665.277 евра, што е за 86,88% помалку во однос на претходната недела. Пораст од 28,90% има кај вкупниот број на трансакции (727). Пазарната капитализација во неделата што изминува се позиционираше на 3.053.425.773 евра, што е пораст од 4,58%. Денеска берзата затвори со пазарна капитализација од 1.666.427.655 евра, што е 15,07% помалку во споредба со претходниот месец.

Индексот МБИ 10 денеска се позиционираше на 4.024,94 поени или 7,87% повеќе во однос на претходната недела.

Фото: Pixabay