Пет најтргувани акции неделава

60
Vintage style photo of a lady is using mobile telephone with her business report document

Со акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка, Алкалоид, Макпетрол и Фершпед најмногу се тргуваше на берзата во период од 16-ти до 20-ти ноември оваа година, стои во Неделниот преглед.

Вкупниот промет на берзата неделава беше 986.368 евра или 1,79% помалку во однос на претходната недела. Од 16-ти до 20-ти ноември се реализирани вкупно 254 трансакции или 11,89% повеќе во однос на една недела претходно.

Пазарната капитализација оваа недела се позиционираше на 3.334.875.895 евра, односно 0,68% повеќе во споредба со една недела претходно. На последниот трговски ден (20-ти ноември), пазарната капитализација беше 1.835.050.299 евра, што е 1,47% скок во однос на истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ 10 заврши на 4.460,30 поени или 1,14% повеќе за разлика од минатата недела.

Фото: Freepik