Пет најтргувани акции неделава

51

Акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка, Макпетрол, Алкалоид и Гранит се топ пет најтргувани акции во период од седми до 11-ти декември, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Вкупниот промет на берзата во текот на оваа недела се позиционираше на 802.435 евра или 37,77% повеќе во однос на претходната недела. Во истиот период се реализирани 201 трансакција, што е за 13,56% повеќе одошто претходната недела.

Пазарната капитализација недела достигна 3.343.193.653 евра, односно 0,12% помалку во споредба со претходната недела. На последниот трговски ден, пазарната капитализација изнесува 1.826.306.132 евра, односно 0,98% повеќе во споредба со истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ 10 ја заврши оваа недела на 4.452,80 поени или 0,63% помалку во однос на претходната недела.