Пет најтргувани акции неделава

88

Акциите на НЛБ Банка, УНИ Банка, Комерцијална Банка, ЗУМ АД Скопје и Жито Полог од Тетово беа најтргувани во период од 22-ри до 26-ти овој месец, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Вкупниот промет достигна ниво од 858.447 евра или 55,33% помалку во однос на претходната недела. Пад од 50,72% е регистриран кај вкупниот број трансакции (205).

Пазарната капитализација оваа недела изнесуваше 3.207.467.662 евра, што претставува пораст од 0,27%. Пазарната капитализација денеска се позиционираше на 1.726.861.977 евра или 3,91% пад во споредба со истиот период претходниот месец.

Индексот МБИ10 достигна 4.105,38 поени или скок од 0,38% во споредба со претходната недела.

Фото: Freepik