Пет најтргувани акции оваа недела

80

Акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка, Алкалоид, Прилепска Пиварница и Гранит се најтргувани оваа недела, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Во период од 31-ви август до четврти септември оваа година, вкупниот промет достигна 1.073.336 евра, што е за 23,20% повеќе во однос на претходната недела. Кај вкупниот број на трансакции (209) оваа недела има пад од 6,70%.

Пазарната капитализација на компаниите што котираат на берзата оваа недела беше 3.260.275.333 евра, што е 0,60% на неделна основа. На последниот трговски ден (четврти септември) пазарната капитализација беше 1.787.480.356 евра или 4,59% повеќе на месечно ниво.

Индексот МБИ10 достигна 4.255,23 поени или 1,16% повеќе во однос на минатата недела.

Фото: Freepik