Пет особини на инспиративните шефови

Фото: Pixabay

Што е заедничко за сите шефови кои се омилени кај своите вработени?

Први даваат позитивен пример

Добрите шефови секогаш стигнуваат на време. Не ги критикуваат останатите поради повременото доцнење, но тие секогаш се на работа кога треба. Го прават тоа што го ветуваат мирно и со позитивен став. Токму затоа и служат за пример.

Отворени се и искрени

Никогаш нема да ги чуете дека се жалат од некој ваш колега. Ако нешто не е како што треба да биде, тие тоа ќе го споменат пред сите на состанок. Но, никогаш зад затворени врати. Тоа што имаат да го кажат го кажуваат отворено на состанок пред сите.

Ги слушаат вработените

Ги слушаат вработените, тука се кога им требаат на своите луѓе. Внимателни се и ги даваат потребните забелешки. Споделуваат што мислат и несебично помагаат со своето искуство онаму каде што треба.

Имаат хоби

Шефовите кои инспирираат имаат време за работите кои ги сакаат. Тие ќе читаат, трчаат, играат, дури и кога распоредот им е пренатрупан. Ова е исто така нешто кое треба да го научите од нив. Да имате хоби и да се занимавате со истото без оглед на се, значи дека сте верни на себе си, а со тоа и на другите.

Го одвојуваат приватниот и професионалниот живот

Знаат да се исклучат или префрлат во “друга брзина” во зависност од ситуацијата. Кога се дома, тие се дома, кога се на работа, посветени ви се вам. Имаат неверојатна смисла за баланс на работата и животот. Умеат да посветат колку што е потребно време и на приватните и на професионалните обврски.