Пет совети од емоционално интелигентните луѓе

16

devojka

Фото: Pixabay

Емоционалната интелигенција е најмоќниот алат за остварување на успех – не само во романтичните врски, туку и во бизнис релациите. Во суштина, истите правила за постигнување на целите што се употребуваат во бизнисот се користат и во љубовта.

Еве пет практични совети што луѓето со висока емоционална интелигенција ги користат за да остварат успех и на работа и во нивните лични животи:

1. Следете ги делата, а не зборовите

Не треба да обрнувате големо внимание на тоа што луѓето го зборуваат. Наместо тоа, погледнете ги нивните дела. Во бизнис средината и во личните ситуации, зборовите се евтини. Можеби затоа што најчесто луѓето едно зборуваат, а на друг начин делуваат. Затоа треба да ги следиме активностите на луѓето, а не нивните зборови. Дали ги исполнуваат зададените крајни рокови? Дали ги извршуваат потребните повици? Што прават, а што зборуваат?

2. Не ги сфаќајте нештата лично

Сите ние сме емотивни луѓе, и понекогаш малите работи можат да се претворат во големи проблеми. Емоционално интелигените луѓе знаат како да притиснат пауза пред ситуацијата да ескалира. Дали некој ве прекорил на бизнис состанок? Наместо да смислувате одмазда, помислете дека тој човек можеби има лични проблеми дома. Можеби го изнервирал претпоставениот. Издигнете се над ситуацијата и дајте им можност да ви го објасанат начинот на однесување. Не секогаш работите се поврзани со вас. Истите правила важат и во романтичните и во бизни врските. Сите имаат лоши денови и сите понекогаш несоодветно се однесуваат. Затоа не треба веднаш да ги прекинувате врските. Издигнете се над инцидентот и продолжете понатаму.

3. Имајте ја крајната цел на ум

Сите луѓе што успеале во животот и во бизнисот ја гледале “големата слика“. Тоа значи да се надминат малите препреки што секојдневно се појавуваат на патот. Кога ја имате крајната цел на ум и вашето внимание е насочено кон нејзиното остварување, тогаш многу полесно ќе преговарате со пребирливите клиенти. Вашата енергија ќе биде насочена кон тоа што е најважно и нема да им замерите на негативните забелешки. Истото функционира и во романтичните врски. Посветеноста на долгорочно партнерство помага во надминување на разликите во карактерите на личностите и во решавањето на секојдневните проблеми.

4. Исчистете ги отровите и негативната енергија

Добрите бизниси се хранат од позитивна енергија, а негативните луѓе можат да ја уништат организацијата. Претприемачите со висока емоционална интелигенција знаат дека во светот постојат многу позитивни луѓе и дека нема потреба времето да го потрошат во менаџирање на негатвните (отровни) личности. Понекогаш и најдобрите работици не се добредојдени, ако се манипулативни, премногу борбени или ако шират негативна енергија во канцеларијата.

Тоа важи за сите врски, без разлика дали се романтични или бизнис. Доколку некој ве опсипува со негативна енергија или прави да се чувствувате лошо за себеси на било кој начин, тогаш соберете сила и продолжете го животот без таа личност. Емоционално интелигентните луѓе имаат низок праг на толетанција за луѓето што се неискрени, лажат, критични или пак се желни за внимание. Некои луѓе е подобро да си одат од вашите животи, соберете сила и превземете акција.

5. Останете поврзани

Само затоа што врската завршила не треба да значи дека морате да ги урнете сите мостови. Дури и ако не сте ја потпишале зделката, емотивно интелигентните луѓе се трудат да останат во контакт и да ги одржат врските живи и позитивните односи со тие личности. Никогаш не знаете кога во животот патиштата повторно ќе ви се вкрстат или ќе имате потреба од таа личност во иднина.

Само затоа што врската не трае цел живот, не мора да значи дека таа личност треба да стане ваш непријател. Најчесто врските се прекинуваат од различни околности, а не од лични причини. Кога мостот е се уште на располагање, тогаш ќе имате можност да уживате во богатите искуства што следуваат во иднина на скоро секое ниво.