Пет вештини кои се важни за овие тешки времиња

572

Пандемијата на коронавирусот го сврте деловниот свет наопаку и тоа е факт. Од работење од далечина, до справување со ненадејни неуспеси во кариерата.

Но, како што вели познатата изрека на Френклин Д. Рузвелт, “Мирното море никогаш не направило вешт морнар“.

Постојат клучни деловни вештини кои ќе ви помогнат не само да ја преживеете сегашната бура, туку и ќе ви помогнат да напредувате на работа на долг рок.

Ова се петте најважни деловни вештини што ќе ги олеснат вашите тековни денови на работа, пишува Manager.

Прилагодливост

Во свет каде промената се случува со побрзо темпо од кога било досега, сите треба да бидат подготвени, способни, да ги менуваат навиките, но без напнатост и лутина. Ако целта на поединецот е да остане професионално релевантен, ова е единствениот начин. Поединците ќе мора да научат да се прилагодат на ситуацијата, во спротивно, оние што одбиваат промена ќе бидат во голема загуба.

Организациска хигиена

Фокусирањето на работите коишто можете да ги контролирате ја поддржува вашата способност постојано да се прилагодувате на постојано менување на светот. Ова вклучува навики и рутини. Организацијата е неопходна вештина во кариерата, што во голема мерка го олеснува процесот на справување со неочекувани промени.

Решавање проблеми

Ориентацијата кон наоѓање на  решение е вештина која секогаш ќе има позитивно влијание врз вашата кариера. Сите ние треба да бидеме ориентирани кон наоѓање решенија.

Трпеливост

Ако аплицирате за работа или барате нови клиенти, не очајувајте. Пандемијата на  коронавирусот  влијае на многу деловни активности и може да потрае повеќе време од вообичаеното. Ова е прилик да вежбате трпение.

Флексибилност

Во ваква клима потребна е поголема флексибилност. Ако не ви се допаѓаат условите ќе треба да се прилагодите и прифатите компромиси.

Фото:Pixabay