Пет земјоделски култури кои најмногу се одгледуваат во светот

60

Во рангирањето на земјоделските култури кои заземаат најмногу обработливо земјиште во светот, првите пет се пченицата, пченката, оризот, сојата и компирот. Сите овие култури се важни основни прехранбени производи за луѓето и добитокот, а се користат и за производство на разни други производи, како што се биогорива, текстил и индустриски хемикалии.

Пченицата е убедливо најраспространета, со засадени 1.490 милиони хектари и годишно производство од 266,7 милијарди долари. Пченката е засадена на речиси двојно поголема површина од 770 милиони хектари, но годишната производна вредност е поголема и изнесува околу 280,5 милијарди долари.

Оризот зафаќа 150 милиони хектари од вкупното обработливо земјиште на планетата, но вредноста на годишното производство достигнува 432,8 милијарди долари, додека сојата се одгледува на 120 милиони хектари, со годишна производна вредност од 347,6 милијарди долари.

Последен меѓу големата петорка е компирот кој зафаќа 100 милиони хектари обработлива површина, а вредноста на годишното производство е многу поскромна во однос на споменатата конкуренција и изнесува околу 134,1 милијарди долари.

Кина е најголемиот светски производител на четири од петте споменати култури, пченица, пченка, ориз и компири, додека Бразил е водечки во производството на соја. Соединетите Американски Држави се рангирани на второ место во производството на пченка и соја, а Индија е на второ место во производството на ориз и компири.