Петиција против новото седиште на Amazon

56

buildingФото: Pixabay

Над 600 влијателни економисти, урбанисти и академици потпишаа онлајн петиција повикувајќи ги градовите да размислат двапати пред да дозволат да станат новото седиште на Amazon. Досега петицијата ја потпишале и голем број јавни личности, пишува QUARTZ.

Минатиот месец, Amazon ја објави литата на потенцијални 20 градови што влегуваат во потесниот круг за второ седиште на компанијата, откако доби 238 понуди од САД, Канада и Мексико. Многу градови му понудија на Amazon одлични услови за субвенционирање на новиот објект.

Сепак економските експерти предупредија дека ваквите финансиски олеснувања ќе бидат контрапродуктивни, зашто средствата што треба да се наменети за подобрување на локалната инфраструктура и домашни капитални проекти ќе се искористат за потребите на Amazon.

Amazon.com е американска компанија со седиште во Сиетл што се занимава со електронска трговија, воедно е и еден од најголемите онлајн продавачи. Компанијата е основана од страна на Џеф Безос во 1994 година.