Петте најбогати политичари во светот заедно “тежат“ 222 милијарди долари

246

Рускиот претседател Владимир Путин располага со богатство од 70 милијарди долари, покажуваат податоците на Celebrity net worth.

Официјалните податоци говорат дека годишната претседателска плата на Путин е 187.000 долари. Тој, исто така, тврди дека има релативно мал имот што се состои од 180.000 долари на штедна сметка, неколку автомобили и парцела од 16.000 метри квадратни во предградие на Москва. Меѓу најгласните критичари на Путин тврдат дека актуелниот претседател на Русија има 4,5% удел во Gazprom, 37% удел во нафтена компанија и 50% удел во швајцарската компанија Guvnor. Бидејќи Gazprom остварува приходи од 150 милијарди долари, Guvnor 80 милијарди долари, Surgutneftegas повеќе од 20 милијарди долари, се проценува дека според нивната пазарна капитализација, Путин располага со богатство од 70 милијарди долари.

Петте најбогати политичари, според Celebrity net worth, се:

Мајкл Блумберг – 62 милијарди долари

Бумидол Адиладеј, крал на Тајланд – 30 милијарди долари

Маха Варијалонгкорн, принц на Тајланд – 30 милијарди долари

Шеик Менсун бин Зајед Ал Нахијан, политичар од Обединетите Арапски Емирати – 30 милијарди долари.

Фото: Pixabay