Петте најтргувани акции на берзата оваа недела

92

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Банка, Макпетрол и Гранит се петте најтргувани акции на Македонска берза, во периодот од 21-ви до 24-ти април, покажува неделниот преглед.

Во текот на оваа трговска недела, вкупниот промет достигна 2.590.053 евра, што е пораст од 17,13% во однос на претходната недела. Скок од 22,13% има кај вкупниот број на трансакции – 585.

Пазарната капитализација на котираните друштва се позиционираше на 3.084.627.990 евра, однос 0,48% помалку во однос на претходната недела. Пазарната капитализација денеска беше 1.702.165.932 евра или 15,64% повеќе во споредба со минатиот петок.

Индексот МБИ 10 заврши на 4.088 поени или 1,11% повеќе во однос на минатата недела.

Фото: Pixabay