Петти меѓународен саeм за туризам Скопје Травел маркет 2015

18

Туристички агенции, хотели и тур оператори од Македонија и светот ќе се претстават на 5-от Меѓународен саем за туризам Скопје Травел маркет 2015, што ќе се одржува од утре до 10 мај во Скопје, пишува Миа.

Со цел зголемување на внатрешниот туризам, македонскиот туристички потенцијал на Саемот ќе го презентира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), која ќе се претстави на простор од 65 метри квадратни.

Покрај активности за промоцијата на Македонија во странство, Агенцијата спроведува проекти за поддршка на туризмот. За годинава се предвидени неколку позначајни проекти меѓу кои и мапирање, означување и изработка промотивен материјал за планинарските и пешачки патеки, како и проект за велосипедски патеки, изработка промотивен материјал, мапирање и обележување на манастирскиот туризам.