Петтиот најголем дијамант во светот продаден за 40 милиони долари

48

untitled

Фото: Youtube

Редок дијмант од 910 карати со големина колку две топчиња за голф беше продаден за неверојатни 40 милиони долари, што е една од најголемите суми во историјата.

Дијамантот наречен Lesotho Legend беше пронајден од водечката компанија за производство, Gem Diamonds во нивниот рудник во Лесото на почетокот на годинава.

Тој е петтиот најголем скапоцен камен во светот, а цената од 40 милиони долари е највисоката што компанијата со седиште во Лондон и Антверп ја има добиено од продажба на дијаманти.