Pfizer им се придружува на Apple, Google и Amazon во топ 10 најиновативни компании

13

Pfizer стана првата фармацевтска компанија што се појави на врвот на листата на најиновативни компании објавена од Boston Consulting Group (BCG). Така, креаторите на една од најефикасните вакцини против коронавирус застанаа рамо до рамо со првите 10, вклучувајќи ги Apple, Google и Аmazon.

Од 2005 година, BCG објавува ранг листа на 50-те најиновативни компании. Прва на списокот е Apple, потоа Alphabet (матична компанија на Google), а на трето место е Amazon, По нив следат Microsoft, Tesla, Samsung, IBM, Huawei и Sony.

На десеттото место е американскиот Pfizer. Иако Pfizer е прва фармацевтска компанија која се позиционира меѓу првите 10 компании, меѓу нив се Johnson & Johnson, на 20-то место, потоа Moderna на 42-то и AstraZeneca на 49-то место.

Фото: Fazebook / Printscreen