Pfizer следната година би можел да произведе три милијарди вакцини

20

Германски BioNTech би можел да ги зголеми производните капацитети за вакцините што ги развој со својот американски партнер Pfizer на три милијарди дози следната година, изјави Угур Сахин, претседател на германската компанија за Bloomberg.

“BioNTech би можел да произведе три милијарди дози вакцини годишно, но тоа зависи од побарувачката, којашто зависи од други фактори, на пример, дали ќе биде потребно дополнително вакцинирање на населението“, рекол Сахин.

Pfizer минатиот месец објави дека оваа година планира да произведе две милијарди дози од вакцината против коронавирусот.

Фото: Pexels