Philips очекува добри резултати поради побарувачката за медицински уреди

25

Холандскиот производител на медицински уреди, Philips очекува добар почеток на 2021 година благодарение на континуираната побарувачка за опрема за лекување на лица заразени со коронавирус.

Во последните три месеци од 2020 година, приходите на компанијата пораснаа за 7%, на шест милијарди евра. Причина за ваквите резултати е 24% скок на приходите во одделот Connected Care, што произведува респиратори и надзорни и софтверски платформи за нега на далечина.

Добивката на компанијата пред оданочување, исто така, е зголемена за 7% и достигна 1,14 милијарди евра. Со овие резултати продолжува трендот на закрепнување на компанијата од претходното тримесечје кога попушти првичниот шок од пандемијата, а болниците ја зголемија потрошувачката на опрема за лекување на пациенти заразени со Ковид-19.

Фото: Twitter