Пијте кафе и платете со поезија

24

На светскиот Ден на поезијата, 21-ви март, скопјани ќе може да уживаат во кафето и наместо сметка за истото ќе добијат лист хартија и пенкало за да напишат поема со што ќе го платат испиеното кафе.

Јулиус Мајнл, за Денот на поезијата, 21 март, ги предизвикува граѓаните да дојдат на една од трите локации низ Скопје, Дион на Кеј, Наргиле во Скопска Чаршија и Паладиум во Капиштец. Поетите Елена Пренџова, Ксенија Николова, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Наим Иљази Пари и Даниел Карески, на сите присутни ќе им помогнат да ја напишат нивната поема. Единствена можност за секого да се опушти со кафе и да го плати со поема, со сопствени зборови од моменталната инспирација. Во исто време се штедат пари и се разгорува креативноста.

На Денот на Поезијата, 21 март, на три локации низ Скопје, Јулиус Меинл за сите посетители ќе овозможи прекрасно и досега невидено уникатно искуство.