Pikaplant One – Полица што ги полева цвеќињата и кога не сте дома

110

Pikaplant_One_L

Pikaplant е компанија од Амстердам чија главна цел е грижа за различни видови на растенија со минимален напор. За да останат верни на таа филозофија, тие го осмислија Pikaplant One – вертикална градина за едноставно одржување на растенија.

pikaplant 1

Оваа полица автоматски ги полева цвеќињата со помош на резервоар полн со вода, кој се наоѓа на врвот и со помош на посебен систем од цевки ја спроведува водата до растенијата.

pikaplant-cabinet-automatic-water-plants-designboom-03

Компанијата осмислила проект кој имитира природен влажно – сув циклус на подземни води, а како резултат на тоа добиле полица што може да ги наводнува цвеќињата и во време кога нема никој во просторијата. Резервоарот собира доволно вода за наводнување на растенијата за еден месец.

pikaplant soba

Дизајнот на полицата може совршено да се вклопи во ентериерот на секој дом.