Пиратеријата доживеа ренесанса во пандемија

40

Во текот на минатата година скоро и да немало индустрија што не доживеа големи промени поради пандемијата, а консултантската куќа Muso потврди дека има промени во навиките на оние кои забавните и други видови на содржини илегално ги набавуваат преку интернет.

Минатата година има промена во трендовите на онлајн пиратеријата, што се препишува на пандемијата.

Додека луѓето беа затворени во своите домови порасна и побарувачката за дигитални содржини, посебно на стриминг видеа, а истото се преслика и на побарувачката за пиратски содржини.

Има пораст на илегалниот стриминг на телевизиски програми и филмови, но во втората половина од годината има раст од 13% на преземање дигитални книги.

Според анализата, интернет страниците што нудат пиратски содржини минатата година биле посетени просечно 130 милијарди пати, што значи дека секој корисник на интернет во светот, во просек, на некоја од тие интернет страници се навраќал 39 пати. Од тоа, половина од посетите или 65,5 милијарди имале за цел гледање на пиратска телевизиска содржина, пренесува Bug.hr.

САд се лидер во гледање на пиратски содржини со 12,5 милијарди посети. Потоа следат: Русија (8,3 милијарди), Кина (6,9 милијарди), Индија (5,6 милијади) и Бразил (5,4 милијарди).

Фото: Freepik