Питер Риги на панел дискусијата Финансирање на развојот на Годишната конференција на Македонска берза

21

Фото: Македонска берза

Ко – основачот и глобален директор на CEED, Питер Риги, учествуваше на првата панел дискусија на тема Финансирање на развојот, што беше организирана во рамки на 20-тата Годишна конференција на Македонска берза.

На панел дискусијата Финансирање на развојот своето искуство на оваа тема, освен Риги, го споделија и Дејан Калиников, Извршен директор на СЕАФ Македонија, Ивана Гажи, Претседател на Управата на Загрепската берза и Ларс Олофсон, Извршен директор на Prio Startup LTD, Шведска.

Во рамки на овој панел се дискутираше зошто македонските компании својот развој главно го финансираат преку банкарски кредити и сопствена акумулација, а не се обидуваат да приберат свеж капитал преку Берзата или преку алтернативни извори на финансирање, кои се предизвиците со кои се соочува компанијата при подготовката на Иницијална јавна понуда и зошто сѐ уште нема IPOs кај нас. Како продолжение на дискусијата, своето искуство од вложувањето во млади компании и растењето на истите го споделија гостите од Америка, Хрватска и Шведска.