Пивара Скопје доби нов генерален директор

38

Од први март оваа година, нов генерален директор на Пивара Скопје е Дан Тимотин. Тој на оваа функција доаѓа по Владимир Косијер, кој заминува на нова раководна позиција во системот на Coca-Cola HBC, како менаџер за продажба за Русија, стои во соопштението.

Новиот генерален директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин е искусен менаџер кој уште од 2011-та година ја гради својата професионална кариера во системот на Coca-Cola HBC, извршувајќи  различни лидерски функции во секторите за финансии и продажба. Тој на новата функција доаѓа од позицијата менаџер за продажба за Романија, каде како резултат на неговото лидерство, тимска работа, фокусот кон потребите на купувачите и ставањето на потрошувачите на прво место, компанијата постигнала значителен пораст во продажбата, ги зацврсти пазарните позиции и го зголемила задоволството кај потрошувачите.

“Доаѓањето на чело на тимот на Пивара Скопје е голем предизвик за мене, на кој јас искрено се радувам. Свесен сум за досегашната богата традиција, извонредните успеси и големиот придонес и значење што оваа компанија го има за целата земја. Лично се уверив и во високите квалитети што ги поседуваат вработените во Пивара Скопје. Тоа ми влева дополнителен мотив и енергија заедно да продолжиме да вложуваме во нејзиниот натамошен одржлив раст и развој, фокусирајќи се на иновациите, градењето доверба кај купувачите и потрошувачите во уникатните вредности на нашите брендови и секако во нашиот придонес кон просперитетот на пошироката заедница“, изјави Дан Тимотин веднаш по стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.