Пивара Скопје добитник на награда за најдобра практика во безбедноста и здравјето при работа

22

pivara skopjeПивара Скопје е добитник на годинашната национална награда за најдобра практика во областа на безбедност и здравје при работа. Наградата ја доделуваат Македонското здружение за заштита при работа и Меѓународната организација на трудот, по повод одбележувањето на 28-ми април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

“Пивара Скопје е одличен пример и поттик за целата индустрија за тоа како треба да се размислува и делува за заштитата на здравјето и безбедноста при работа“, изјави Милан Петковски, претседател на Македонското здружение за заштита при работа.

Пивара Скопје од 2007 година се сертифициарше со водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здравјето при работа – OHSAS 18001.

“Оваа награда е верификација на нашите континуирани напори и вложувања во обезбедување и гаранција на највисок степен на безбедност и здравје на сите што работат во Пивара Скопје, на нашите соработници, на потрошувачите на нашите брендови, како и на сите оние од нашето опкружување“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, специјалист за односи со јавноста.