Пивара Скопје постави уште еден нов летниковец во Велес

166

Како дел од низата летниковци до сега поставени низ повеќе локации низ Скопје, и уште неколку градови низ земјава, омилениот пивски бренд Скопско, во духот на неговиот слоган За нас, денеска ги израдува и Велешани со нов летниковец, донација од Пивара Скопје.

Лоциран во близина на основното училиште Васил Главинов, преставува ново место за дружење каде луѓето ќе можат да се соберат, ќе имаат можност да го поминуваат времето заедно и да го негуваат маалскиот живот и комшиските дружења.

Летниковецот во Велес е дел од серијата донации од вкупно 15 летниковци, кои ќе бидат поставени во различни општини низ земјава. Досега се поставени вкупно 11 и тоа низ Скопје, Куманово, Штип, Гевгелија, а со денешниот летниковец во листата влегува и градот Велес.

Целата иницијатива за ваква донација произлезе токму од духот на Скопско пиво, кое со својата најнова кампања нè потсетува на пријателствата, маалските анегдоти и приказни и на сите други мали нешта што ни значат, нè зближуваат и нè радуваат.