Пиварница од Загреб собра над еден милион евра преку Funderbeam SEE

21

medvedgrad-faceebook

Фото: Facebook

Загрепската пиварница Медведград одлучи неопходниот износ на пари за проширување на производството да го собере преку кампања на платформата Funderbeam SEE, зад којашто стојат Загрепска берза и естонски Funderbeam, пишува Index.hr.

За десетина дена, оваа пиварница со 25-годишна традиција, собра повеќе од еден милион евра од 292 инвеститори што доаѓаат од 26 земји во светот.

“На постоечката локација веќе нема место, не можеме да функционираме. Буквално една сала од пивницата требаше да ја претвориме во пиварница. Веќе не можевме да се прошириме… Дознавме за еден простор во којшто претходно беше фирма што завршува во стечај, а којшто беше погоден за нас. Одлучивме да го купиме и да ја финансираме пиварницата со банкарски кредити или полека да го уредуваме од сопствените резерви. Пред два месеца случајно го запознав Дамир Бичаниќ од Funderbeam. Договоривме состанок на којшто објасни како функционираат работите. На крајот одлучивме да започнеме кампања“, вели Иван Науковиќ, еден од синовите на основачот на пиварницата.

Инаку, Funderbeam е платформа за групно финансирање на старт – ап компании на којашто инвеститорите може веднаш по иницијалната фаза на вложување да тргуваат со своите удели, како да станува збор за компании котирани на берза.