Пиво од банана ќе го спасува туризмот

79

Пиво од банана звучи егзотично исто како и областа од каде што доаѓа – јапонската префектура Шизуока.

Вработени во ботаничка градина ги здружија силите со компанијата Ханшаро за да произведат пиво од банана, пишува Mainchi.

Нивната цел е да создадат единствен производ за којшто се надеваат дека ќе привлечат туристи коишто поради пандемијата ги има сè помалку.

Кога плодовите ќе созреат, внимателно се берат и се испраќаат на преработка во пиварница, во којашто годишно се произведуваат околу 50 видови на алкохолни пијалаци.

Според главниот технолог, за проба излупиле 12 килограми банани коишто потоа ги мешале со слад и додале квасец за да добијат 1.000 литри кремаст пијалак со благ вкус. Произведени се повеќе од 1.500 шишиња од 330 милилитри, а едно чини околу седум евра. Планирано е иновативниот пијалак да се продава во ресторан во рамки на пиварницата и во нивната онлајн продавница.