Пивофест со 50.000 посетители првиот ден

31

Првиот ден од фестивалот Пивофест во Прилеп имало 50.000 посетители кои испиле 30 тони пиво и изеле 13 тони скара. Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, првиот фестивалски ден ги надминал сите очекувања.

“За атмосферата се погрижија македонските доајени на евергрин музика, а посебно внимание привлече загрепскиот бенд 2Cellos. Денеска и викендов очекуваме уште поголема посетеност”, изјави Ристески.

Втората вечер ќе ја отвори Давид Нешкоски Трио, потоа следуваат Калиопи, Владо Ѓорѓиев и INNA, а за викендот ќе настапат Халид Бешлиќ, Даниела Мартиновиќ, Миле Кузмановски, Соња Тарчуловска, Зоран Џорлев и Горан Бреговиќ.