Пивоварна Лашко во завршни преговори со Кофола за продажба на Раденска

55

radenska

Пивоварна Лашко деновиве ги завршува преговорите за продажба на Раденска на чешката компанија Кофола, откако компанијата Coca-Cola Hellenic ја повлече понудата. Во игра засега останува семејната компанија Полич, но со мали шанси, објави љубљанскиот весник Дневник, пренесува Seebiz.eu.

Компанијата Кофола, во која има 700 вработени, е втората најголема чешка компанија за полнење и продажба на пијалоци, а со купување на Раденска сака да ја зајакне својата позиција во регионот. Раденска годишно продава по стотина милиони литри минерална вода и други пијалоци, а Пивоварна Лашко, која и по продажбата на своите акции во Меркатор се уште има големи обврски кон банките, со добиените средства планира да ја подобри својата финансиска состојба. Сметководствената вредност на Раденски во овој момент е околу 100 милиони евра, додека вредноста што ја понуди потенцијалниот чешки купувач се уште не е позната.

Кофола уште во јули минатата година покажа интерес за купување на Раденска, бидејќи на тој начин сака да влезе на балканскиот пазар. Оваа компанија е присутна на чешкиот, словачкиот, полскиот и рускиот пазар, како и на пазарите во Австрија и Германија.