Плаќаш едно добиваш две – гратис стратегија

90

Во човечката психологија е да ужива и да се радува на добивање подароци. Се радуваме затоа што некој помислил на нас, одвоил пари и време за да ни подари нешто, но како оваа психологија може да влијае врз продажбата и како може да послужи како корисна маркетинг алатка?

Не е никаква тајна дека во светот на трговијата многу често се користи оваа психологија за да се “навлечат“ потрошувачите на некој производ. Ако “фрлите“ поглед во супермаркетите или на излозите од продавниците, често со големи и црвени букви се одбележани акции, намалувања, а на ударни места во продавниците се поставуваат такви производи. Тоа воопшто не е случајно, бидејќи така се создава чувство на итност, што им ја разгорува желбата на купувачите веднаш да го “грабнат“ производот и да го стават во количката за пазарување.

Што е со давањето гратис производи?

Во стратегијата на многу компании, давањето гратис производи е клучен елемент за зголемување продажба, поттикнување да се купи некој производ што не се троши многу или некоја друга цел. Но, исто така, преку ваквата политика, компаниите градат врска на доверба со купувачите.

Кога треба да се даваат производите бесплатно?

Одлуката да се даваат бесплатни производи не би требало да се носи паушално, колку само да се привлече вниманието на потрошувачите, па дури потоа да се создадат непотребни проблеми. Постојат неколку ситуации во коишто е сосема оправдано да се даде нешто гратис:

  • Кога може да се даде нешто што и онака е добиено бесплатно (тестери, примероци, промотивни производи…),
  • Кога имате премногу натрупани залихи што генерираат само голем трошок за одржување, зафаќаат непотребен простор во магацинот…
  • Кога е најсоодветна активност што произлегува од маркетинг стратегијата.

На крајот, најважно е да се знае кога е оправдано делењето гратис производи, но и со тоа треба внимателност за да не се разочараат купувачите или да добијат погрешен впечаток за вашиот бренд.

Фото: Pexels