Планираат да ги продадат или заменат вакцините на AstraZeneca

24

Јужноафриканскиот министер за здравство, рекол дека неговата влада размислува за продажба или замена на вакцините од AstraZeneca.

Јужноафриканската Република ги запре вакцинирањето со вакцината на AstraZeneca и универзитетот Оксфорд, откако клиничките испитувања покажале дека не е доволно ефикасна за таканаречениот јужноафрикански вид на коронавирусот, којшто доминира во таа земја.

Вакцината е тестирана на претежно помлада популација во земјата и се покажало дека не е ефикасна во спречување на поблаги форми на болеста, коишто се најчести кај младата и здрава популација.

Јужноафриканската Република преговара со Moderna, Sinopharm и Sputnik V.

Фото: Freepik