Пластичните ќеси се исфрлаат од употреба во Лос Анџелес

26

kesiЛос Анџелес е најголемиот град во САД што забранува употреба на пластични ќеси во трговските центри и маркети. Забраната ќе почне да се применува од 1 јануари 2014 година, а граѓаните ќе мораат да си носат свои торби или да плаќаат по 10 центи за хартиени ќеси.

Во Лос Анџелес секоја година се трошат околу два милиони долари за чистење од пластични ќеси. Се проценува дека во градот секој час се дистрибуираат 228.000 ќеси.

Градските власти планираат во подрачјата каде живеат луѓе со пониски примања да поделат милион торби за повеќекратна употреба.

Забрана за користење на пластични ќеси веќе имаат донесено градовите Санта Моника и Сан Франциско.