“Пластично“ 18-каратно злато што е 10 пати полесно од обичното

216

Научници од Техничкиот институт од Швајцарија направија 18-каратно злато што е од пет до 10 пати полесно од обичното, а има својства слични на пластика.

Ова “пластично“ злато е добиено поради користење на протеински влакна и пластична маса на којашто подоцна се “лепени“ нано кристали од злато. Овој материјал има воздушни празнини, што не се видливи со голо око, поради што легурата има густина од 1,7 грама на кубен сантиметар, наместо вообичаените 15 грама на кубен сантиметар.

Ако парче од ова злато падне на тврда површина, се слуша како да е пластика, но го има сјајот како златото и може да се полира и обликува.

Фото: Pixabay