Playerhunter – иновативна платформа за поврзување спортисти, клубови и скаути

27

playerhunter-fb

Фото: Facebook

Playerhunter е српско – австриски старт – ап, којшто претставува бесплатна спортска мрежа за поврзување на спортисти, клубови, менаџери и скаути, пишува Блиц.

Оваа платформа им овозможува на спортистите да го претстават својот талент и способност, преку поставување на своја кратка биографија, видеа и статистика. Од друга страна, на менаџерите и скаутите им дава база за избор на соодветни играчи.

“Кога пред неколку месеци го претставивме нашиот производ во Силиконската долина пред познати инвеститори, меѓу кои се и колеги на Илон Маск, добивме повратна информација дека од нашите простори доаѓаат неколку квалитетни идеи за кои треба да се истрае во имплементацијата. Наша визија е да ја дигитализираме комуникацијата во спортот и посебно да им овозможиме на сите заинтересирани за фудбал да успеат во својата кариера, без оглед од каде доаѓаат и кои услови ги исполнуваат“, вели Дарко Мандиќ, директор за маркетинг на Playerhunter.

Целта на Playerhunter е да се зголеми видливоста на играчите од пониските лиги, кои вообичаено немаат шанса да се претстават на пазарот.