Плива инвестира 100 милиони долари во заштита на животната средина

18

plivaХрватската фармацевтска компанија Плива ќе инвестира 100 милиони долари во изградба на уреди и системи наменети за заштита на животната средина.

Плива во Савски Мароф гради нов погон за производство на активни фармацевтски супстанции, а значителен дел од инвестицијата се однесува на зачувување и заштита на околината, односно градење на сопствени капацитети за обработка на отпадни води и на процесни гасови.

“Инвестицијата во Савски Мароф е во вредност од 100 милиони долари и е дел од инвестицискиот циклус на Плива во вредност од 200 милиони долари, што е најголема приватна инвестиција во Хрватска во последните две години”, изјави претседателот на Управата, Тихомир Орешковиќ.

Преку 90% од производството од новите погони ќе биде наменето за извоз.