Плочи BETONYP – за прв пат во Македонија

322

Солопром во Македонија е познат по својата ексклузивна понуда на материјали за мебел, кујни и друг вид ентериери. Оваа години слават 25 години од своето основање, години во кои, со голема помош и поддршка на нивните клиенти и деловни соработници, успеаја да прераснат во една успешна компанија која зад себе веќе има 4 подружници и со планови за идни проекти.

Повеќе од 20 години ги изложуваат материјали на саемот за мебел, воведувајќи во Македонија новитети и трендови актуелни низ целиот свет. Оваа година, со нивна понуда, се и изложувачи на Саемот за градежништво.

Нивниот штанд се наоѓа во втората хала, лево по главната патека, пред влезот во вториот анекс. Покрај веќе познатите суровински, МДФ и ОСБ плочи кои се докажани материјали за разни ентериерни градежни изведби, да дури и за разни сталажи и палетни кутии, на тековниот саем за градежништво претставени се и Екстремно лесните јадра за собни врати и декоративни фурнири за истите, како камениот, дрвниот и хпл фурнирите; компактниот ХПЛ, кој со својата цврстина и својства е одличен за изработка на тоалетни партиции; голем избор на ламинатен под, со примена во домашниот и јавниот сектор.

1

2

3

4

Сепак, главниот акцент е ставен врз плочите BETONYP, производ на европски производител, кој преку СОЛОПРОМ, за прв пат се претставува во Македонија. Плоча која е спој на дрвни борови струготини и Портланд бетон. Овие плочи имаат широка примена во градежниот сегмент за обложување и преградување на ѕидови, под и плафон, за фасади, шалување и друго.

5

Главни особини на BETONYP плочите:

  • Имаат висока отпорност на удари,
  • Плочите имаат отпорност на влага, подмрзнување, мувла,
  • Не содржат формалдехид и азбест,
  • Лесни за обработка и поставување.

6

7

futer