По 11.000 во ноември, Мета „подготви“ уште 10.000 откази: Цукерберг даде кратко објаснување

81

Америка сè уште не се опоравила од претходно најавените и спроведени отпуштања во технолошките компании, како и од колапсот на две силни банки – SVB и Signature, а веќе следуваше нов немил развој на работниците.

Имено, по првичното откажување на бројни вработувања во ноември, Мета сега планира уште 10.000 отпуштања.

За ова вчера ја извести јавноста основачот на компанијата Марк Цукерберг, пишува CNBC и потсетува дека компанијата веќе отпуштила 11.000 луѓе во претпоследниот месец од  претходната година.

Во последно време, инаку, многу се пишува за тоа дека гигантот под чиј чадор се Фејсбук и Инстаграм – не му оди баш најдобро и дека премногу внимава на метаверзумот, наместо на социјалните мрежи и неговите воспоставени практики.

Во соопштението се вели дека компанијата ќе ги намали своите тимови за регрутирање овој месец, дополнително ќе го намали својот тим за технолошки истражувања на крајот на април, како и бизнис тимот на крајот на мај, пренесува АП.

„Ова ќе биде тешко и нема начин да се заобиколи. Ова ќе значи збогување со талентираните и страсни колеги кои беа дел од нашиот успех“, изјави извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг.